ЧПП - Често Поставувани Прашања:

Општи обврски на ученикот
Ученикот е должен да ги почитува редот и дисциплината на кампот. Примерно да се однесува во автобусот и по патот, да го почитува куќниот ред на сместувалиштето и примерно да се однесува. Исто така должен е да се придржува кон деталната програма на кампот (во неа детално пишува со сат, кога е станување, кога појадок, од колку до колку часот има настава, кога е ручекот, што предвидува програмата попладне, кога е вечерата и кога е легнувањето) ЦЕЛАТА ПРОГРАМА е задолжителна за сите учесници. Должен е исто така да ја одржува хигиената во автобусот и во својата соба со сместувалиштата во Виена, во Винтернберг, Хајделберб и во Минхен (за камп 20) и сместувалиштето во Холабрун (за камп 21 и 22) . Времето, одредено за будење 7.30 часот и легнување во 22.30 часот во кампот е строго определено и мора да се почитува. Сите учесници во кампот се рамноправни, без разлика на пол, возраст или град од каде доаѓаат и секој учесник е должен да го почитува другиот. Учесникот, кој не се придржува на правилата и обврските на кампот, недолично се однесува и не се придржува на програмата на кампот, по предходна опомена од организаторот или пратителот до родителите, се отстранува од кампот и се враќа авионски или со автобус назад во Македонија, на трошок на родителите. Во кампот настрого се забранува конзумирање на алкохол и цигари. Забрането е носење на лаптоп и ајпод. Со учесниците во кампот може во секое време да се контактира преку:

- Германски мобилен на Николче Шулевски
0049 15785333119 (може постојано да се користи)

- Македонски мобилен на Николче Шулевски (Viber, Whatsapp)
00389 75 333-119 (може постојано да се користи)

Пратители на група
Групата ќе биде придружувана од  4 возрасни професори, едно медицинско лице и организаторот. Тие ќе бидат 24 часа со учениците и ќе бидат одговорни, секој за одредена група на учесници. Постојано ќе се грижат за учениците, ќе им помагаат, ќе ги придружуваат, контролираат и ќе бидат достапни за се друго што им треба на учениците.

Храна за по пат
Потребно е учениците од дома да понесат со себе храна за 4 оброци. Првиот оброк е во Виена, појадок. Кога се припрема храната за по пат, ве молиме да не се испраќа храна, која е лесно расиплива, јајца, салами, мајонез и сл.

Пакување, облека и багаж

Ве молиме секој учесник да понесе со себе претежно спортска летна и пролетна облека. Што помалку алишта. 1 куфер и 1 ранец е сосема доволно. Во ранецот ученикот да носи храна и пијалоци за по пат. Едно перниче за патување и чаршавче за по пат.  

Сместување

КАМП 20

Сместувањето во Виена е во Хостелот А&О, кој се наоѓа во центарот на Виена. Сместувањето е во 3-4 креветни соби, одделно за момчиња и девојчиња. Обезбедено е 1 ноќевање со појадок, додека за другите оброци ќе се организираат учениците на лице место, каде што ќе бидеме.

 Летниот камп по германски јазик се одржува во Хостелот Ерлебнисберг Капе во Винтерберг. Сместувањето е во три или четири креветни соби на база на полн пансион. Престојот во хотелот е седум дена, каде и ќе се изведува наставата по германски јазик и работилниците според програмата. Хотелот се наоѓа западно од Касел, во падините на планината Винтерберг. Брои вкупно 150 легла и е идеален хостел за сместување на групи, ученички класови и организација на кампови. Регионот е познат зимско летен центар, кој нуди многу атракции и во зима и во лето. Во рамките на хостелот работи и ерлебнизберг капе паркот, кој нуди летен шунски тобоган, линија за летање низ шумата, бајк парк, мини голф, качување низ шумата, панорамен мост, воз, трамполина, панорамен ресторан и сл. Учесниците треба да си понесат со себе крпи за бањање и за лице, раце.

Сместувањето во Хајделберг е во сместувалиште за млади Хајделберг Интернационал, 3-4 креветни соби, одделно за момчиња и девојчиња. Обезбедени се 1 ноќевање со појадок, додека за другите оброци ќе се организираат учениците на лице место, каде што ќе бидеме.

Сместувањето во Минхен е во Хостелот А&О. Сместувањето е во 3-4 креветни соби, одделно за момчиња и девојчиња. Обезбедени се 1 ноќевање со појадок, додека за другите оброци ќе се организираат учениците на лице место, каде што ќе бидеме.

КАМП 21

Сместувањето е во градот Холабрун во хотел со 2* звезди: Sport- und Seminarhotel Hollabrunn. Сместувањето е во трокреветни соби на база на полн пансион, одделно за момчиња и девојчиња. Престојот во хотелот е десет дена, каде и ќе се изведува наставата по германски јазик и работилниците според програмата. Хотелот се наоѓа 50 км северно од Виена, изграден е во 1978 год и е целосно реновиран во 2013 год. Оценет е со оцена 8.0 (Very good) на страната booking.com. Во склоп на хотелот има голем број на спортски терени (фудбал, спортска сала, кошарка, бадмингтоп, одбојка, тениско игралиште, сауна и теретана). Освен за спорт, хотелот е наменет и за одржување на семинари, конгреси и работилници.

КАМП 22

Сместувањето е во градот Холабрун во хотел со 2* звезди: Sport- und Seminarhotel Hollabrunn. Сместувањето е во трокреветни соби на база на полн пансион, одделно за момчиња и девојчиња. Престојот во хотелот е седум дена, каде и ќе се изведува наставата по германски јазик и работилниците според програмата. Хотелот се наоѓа 50 км северно од Виена, изграден е во 1978 год и е целосно реновиран во 2013 год. Оценет е со оцена 8.0 (Very good) на страната booking.com. Во склоп на хотелот има голем број на спортски терени (фудбал, спортска сала, кошарка, бадмингтоп, одбојка, тениско игралиште, сауна и теретана). Освен за спорт, хотелот е наменет и за одржување на семинари, конгреси и работилници.

Храна
Храната во Хостелот Ерлебнисберг Капе - Винтерберг и Хотел Холабрун е обилна и разноврсна. Појадокот се заснова на салама, чајна, кашкавал, мусли, корнфлекс, еурокрем, маргарин, мармелад, овошен јогурт, млеко, сок, чај на приципот шведски стол.
Ручекот е секој ден различен. Се приготвува предјадење, главно јадење и десерт, овошје и пијалок.
Ужина – колач или парче торта.
Вечерата е исто како и појадокот шведски стол. Дополнително има неколку врсти на салати.

Облека
Учесниците треба со себе да понесат доволно летна, но и пролетна облека, јакна за на дожд, личен прибор, крпи за бањање и за лице, раце. Облеката да биде претежно спортска.

Финансиски средства и Маркет
Во самото одморалиште нема можност за постојано купување и трошење на средства. Но, по потреба, и по програма одиме 2 пати за време на престојот во голем супермаркет, кој се наоѓа блиску од сместувалиштето. Можност за трошење на средства ќе имаат учесниците во Виена, во луна паркот Пратер, и во ??????, на шопинг. Во Виена, Бон, Келн, Франкфурт, Хајделберг и Минхен  и Дворците, за време на разгледување на градовите, учесниците немаат можност за купување, освен на сувенири. Максималната сума, која е дозволена даа ја носат учесниците со себе е 300 Евра. Организаторот не сноси никаква одговорност во врска средствата на учениците, при губење, кражба и сл. Најдобро е парите да се носат во готово, не на картичка. По потреба, одговорните пратители можат да им ги чуваат паричниците на најмалите учесниците.

Настава
Наставата се изведува во 3  групи, во три простории во сместувалиштето. Учениците, според возраст и предзнаења, се поделуваат во три групи, почетна, ученици од VI и VII одд или помали, средна група VIII одд и IX одд., во зависност од нивните предзнаења и група за конверзација, ученици од I година па нагоре. Настава се одвива 9 пати по 180 мин., и тоа 90 мин. пауза од 10 мин. и 90 мин. На паузата од 15 мин. учениците добиваат, сок, кисела вода или чај. Во зависност од временските услови, при топло време, наставата или работилниците можат да се одржуваат надвор. Наставата се темели на учење на теми од секојдневието, аудио и видео материјали  и сл. На крајот од кампот, секој учесник добива потврда за учество на летниот јазичен камп.

Осигурување
Организаторот обезбедува здравствено и патничко осигурување за сите учесници.

Здравје и алергии
Секој учесник е должен да ја понесе со себе својата здравствена книшка во куферот, за секој случај. Доколку има некој ученик, кој е алергичен на некој лек или прима редовна медицинска терапија или вонредна, истите медикаменти да се понесат во доволна количина и ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се извести пратителот, докторот или организаторот.

Интернет

Во сите сместувалишта во Германија и Австрија, учесниците имаат бесплатен интернет пристап. Во случај на итен контакт со детето, обратете се на вибер на бројот: +389 75 333119. (САМО за итни случаеви)