20. ЛЕТЕН ЈАЗИЧЕН КАМП 2020

германски јазик во Германија



















20. Летен јазичен камп по германски јазик во Германија 2020

НОВ ТЕРМИН:

19.06.-01.07.2020 08.08.-20.08.2020

Летниот јазичен камп по германски јазик во Германија е наменет за ученици од 12 до 18 годишна возраст, со и без предзнаења од германскиот јазик. Тој претставува организирано патување на 45 ученици, 4 наставници по германски јазик и медицинско лице, кои ги придружуваат учениците во текот на целиот камп. 13-дневното патување има за цел изучување на германскиот јазик, продлабочување на знаењата, запознавање на германската култура, традиции, обичаи, како и посета на градовите Виена, Винтерберг, Келн, Бон, Франкфурт, Хајделберг и Минхен.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА КАМПОТ

Сместувањето е во градот Винтерберг во хостел: Hostel Erlebnisberg Kappe. Сместувањето е во три или четири креветни соби на база на полн пансион. Престојот во хотелот е седум дена, каде и ќе се изведува наставата по германски јазик и работилниците според програмата. Хотелот се наоѓа западно од Касел, во падините на планината Винтерберг. Брои вкупно 150 легла и е идеален хостел за сместување на групи, ученички класови и организација на кампови. Регионот е познат зимско летен центар, кој нуди многу атракции и во зима и во лето. Во рамките на хостелот работи и ерлебнизберг капе паркот, кој нуди летен шунски тобоган, линија за летање низ шумата, бајк парк, мини голф, качување низ шумата, панорамен мост, воз, трамполина, панорамен ресторан и сл.

previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider
previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider

НАСТАВА

Наставата се изведува така што учесниците на кампот се делат на три групи: почетна, средна и продолжителна група. Групите се формираат врз база на предзнаењара на учениците. Наставата се изведува во 9 блока по 180 минути и тоа 90 минути, 15 минути пауза и повторно 90 минути. Во текот на кампот се одржуваат вкупно школски 36 часа од по 45 минути. Наставата ја изведуваат професори по германски јазик и се одржува истовремено за сите три групи. Освен наставата, учесниците на кампот ќе учествуваат на две работилници и тоа: за градовите Келн и Бон, за градовите Франкфурт и Хајделберг и за градот Минхен. Наставата и работилниците се одвиват според деталната програма.

ПОСЕТИ И РАЗГЛЕДИ:

Виена:

Разгледување на градот Виена со туристички водич

Посета на дворецот Шонбрун

Посета на Техничкиот музеј

Посета на природно историски музеј

Посета на уметничко историскиот музеј

Посета на дворецот Белведере

Посета на Луна паркот Пратер

previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider
previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider

Винтерберг:

Kletterwald/high rope course

Sommerrodelbahn/ one ride on the toboggan run

Schnupperkurs Segway (Segway Parcours)/trial lesson Segway

Келн и Бон:

Разгледување на градовите Келн и Бон со туристички водич

Франкфурт:

Разгледување на градот Франкфурт со туристички водич

Посета на Мајн Кулата

Хајделберг:

Прошетка низ градот Хајделберг и дворецот

previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider
previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider

Минхен:

Разгледување на градот Минхен со туристички водич

Дневен возен билет за јавен превоз

Посета на БМВ Светот и БМВ Музејот

Посета на Олимпиското село

Посета на Олимписката кула

Посета на Алианц Арена


avtobus

ПРЕВОЗ

Високо туристички автобус

Скопје – Виена – Винтерберг – Келн – Бон – Винтерберг – Франкфурт – Хајделберг – Минхен - Скопје


20. Летен јазичен камп по германски јазик во Германија 2020

термин: 19.06.-01.07.2020 08.08.-20.08.2020 - 13 дена

Виена: 2 дена престој во Хостел А&О Виена, главна железничка станица, 1 ноќевање со појадок, 3-4 креветни соби.

Винтерберг: 7 дена престој во Хостел Ерлебнисберг Капе, 6 полни пансиони, 3-4 креветни соби.

Настава: 9 пати по 180 мин. или 36 часа по 45 мин. и 3 работилници

Посета и разгледи на градовите: Виена, Винтерберг, Келн, Бон, Франкфурт, Хајделберг и Минхен.

Хајделберг: Сместувалиште за млади Хајделберг Интернационал, 3-4 креветни соби

Минхен: 2 дена престој во Хостел А&О, Минхен, Хакербруке. 1 ноќевање со појадок, 3-4 креветни соби.

НАПОМЕНА:

За реализација на кампот потребни се најмалку 35 учесници. Право на учество имаат сите ученици на возраст од 12 до 18 години со сите нивоа на познавања на германскиот јазик.

ПРИЈАВУВАЊЕ ОНЛАЈН НАЈДОЦНА до 20.06.2020 год.

4 факти:

Зошто треба да бидете учесници на нашите кампови?

2006

Организација на кампови


Од која година организираме летни јазични кампови по германски јазик?
202122

Камп по ред


Кој камп е овој по ред?
964

учесници


вкупнен број на учесници до 2019 год.
27

посетени градови


број на посета градови во Германија и Австрија

РЕЗУЛТАТИ: Огромен број задоволни учесници и родители!!!

Ве очекуваме и Вас!!!