историјат за кампот

Училиштето за германски јазик Делфин од Битола постои од 2005 год. Во своето 15 годишно постоење работи исклучиво само со изучување на германскиот јазик и германската култура. Негов основач е д-р Николче Шулевски, професор по германски јазик, доктор на науки по филолошки науки од областа на методиката во онлајн учењето.

Училиштето за германски јазик Делфин е привиот организатор на летен јазичен камп во РМ. Од организирањето на првиот камп по германски јазик во Германија во 2006 год. па до денес, летниот јазичен камп се одржува секоја година, по еднаш до два пати во летниот период. Со годините наназад, кампот се организира со траење од 7 до 18 денови, со посета на различни градови во Германија и Австрија, како што се Виена, Салцбург, Грац, Талхајм, Дрезден, Берлин, Лајпциг, Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Хајделберг, Јена, Вајмар, Инголштат, Мајнц, Визбаден, Нирнберг и др. Со текот на годините програмата за летниот јазичен камп се усовршуваше и се усовршува. Низ нашите кампови поминале голем број на задоволни учесници на возраст од 12 до 18 год., учесници кои учествувале и по повеќе пати последователно, што е доказ дека нудиме квалитетна и обемна програма, прифатлива за нашиот стандард. Летниот јазичен камп, кој го огранизираме има за цел изучување на германскиот јазик, германската култура, традиции, обичаи. во него учесниците пеат германски песни, посетуваат градови и знаменитости, спортуваат, се дружат и се враќаат назад со одлични искуства. Кај голем број на учесници кампот има голем придонес тие да го засакаат германскиот јазик до та мера што дел од нив се денес и професори по германски јазик или студенти на катедрите за германски јазик во Македонија. Во овие 15 години, до 2019 год. успешно се изведени 19 кампови.

Училиштето за германски јазик Делфин од Битола соработува со голем број на училишта ширум нашата земја. Овие училишта се јавуваат како партнери во организацијата на летните кампови по германски јазик. Тука би ги наброиле: Центарот за германски јазик Илиеви од Битола, Училиште за странски јазици Филос од Скопје, Академија О Фортуна од Скопје, Училиште за странски јазици Access од Скопје, Училиште за странски јазици Германика од Штип, Центар за гермаски јазик Мотив од Кочани, Училиште за странски јазици Шрите од Кичево, како и голем број на професори по германски јазик од сите градови на РМ.

Камп 1 - 2006 год.

Камп 2 - 2007 год.

Камп 3 - 2008 год.

Камп 4 - 2009 год.

Камп 5 - 2010 год.

Камп 6 - 2011 год.

Камп 7 - 2012 год.

Камп 8 - 2012 год.

Камп 9 - 2013 год.

Камп 10 - 2013 год.

Камп 11 - 2013 год.

Камп 12 - 2014 год.

Камп 13 - 2015 год.

Камп 14 - 2016 год.

Камп 15 - 2017 год.

Камп 16 - 2017 год.

Камп 17 - 2018 год.

Камп 18 - 2018 год.

Камп 19 - 2019 год.

 
previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider
 

4 факти:

Зошто треба да бидете учесници на нашите кампови?

2006

Организација на кампови


Од која година организираме летни јазични кампови по германски јазик?
202122

Камп по ред


Кој камп е овој по ред?
964

учесници


вкупнен број на учесници до 2019 год.
27

посетени градови


број на посета градови во Германија и Австрија

РЕЗУЛТАТИ: Огромен број задоволни учесници и родители!!!

Ве очекуваме и Вас!!!