21. Летен јазичен камп по германски јазик во Австрија 2020

термин: 12.07.-23.07.2020

Летниот јазичен камп по германски јазик во Австрија е наменет за ученици од 12 до 18 годишна возраст, со и без предзнаења од германскиот јазик. Тој претставува организирано патување на 45 ученици, 4 наставници по германски јазик и медицинско лице, кои ги придружуваат учениците во текот на целиот камп. 12-дневното патување има за цел изучување на германскиот јазик, продлабочување на знаењата, запознавање на австриската култура, традиции, обичаи, како и посета на градовите Виена, Холабрун, Салцбург и Грац.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА КАМПОТ

Сместувањето е во градот Холабрун во хотел со 2* звезди: Sport- und Seminarhotel Hollabrunn. Сместувањето е во трокреветни соби на база на полн пансион. Престојот во хотелот е десет дена, каде и ќе се изведува наставата по германски јазик и работилниците според програмата. Хотелот се наоѓа 50 км северно од Виена, изграден е во 1978 год и е целосно реновиран во 2013 год. Оценет е со оцена 8.0 (Very good) на страната booking.com. Во склоп на хотелот има голем број на спортски терени (фудбал, спортска сала, кошарка, бадмингтоп, одбојка, тениско игралиште, сауна и теретана). Освен за спорт, хотелот е наменет и за одржување на семинари, конгреси и работилници.

previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider
previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider

НАСТАВА

Наставата се изведува така што учесниците на кампот се делат на три групи: почетна, средна и продолжителна група. Групите се формираат врз база на предзнаењара на учениците. Наставата се изведува во 10 блока по 180 минути и тоа 90 минути, 15 минути пауза и повторно 90 минути. Во текот на кампот се одржуваат вкупно школски 40 часа од по 45 минути. Наставата ја изведуваат професори по германски јазик и се одржува истовремено за сите три групи. Освен наставата, учесниците на кампот ќе учествуваат на пет работилници и тоа: за градот Виена и Австрија, за дворците Хофбург, Шонбрун и Белведере, за градот Салцбург, за германски песни и работилница за градот Грац. Наставата и работилниците се одвиват според деталната програма.


ПОСЕТИ И РАЗГЛЕДИ:

Виена:

Разгледување на градот Виена со туристички водич

Посета на дворецот Шонбрун со влезница

Посета на Техничкиот музеј

Посета на природно историски музеј

Посета на уметничко историскиот музеј

Посета на дворецот Белведере

Посета на Луна паркот Пратер

Посета на Аква Парк

previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider
previous arrow
next arrow
PlayPause
previous arrownext arrow
Slider

Салцбург:

Разгледување на градот Салцбург со туристички водич

Посета на куќите на Моцарт

Посета на дворецот Мирабел

Грац:

Посета на градот Грац и знаменитостите


avtobus

ПРЕВОЗ

Високо туристички автобус

Релација: Скопје-Виена- Холабрун-Салцбург-Холабрун-Грац-Скопје


21. Летен јазичен камп по германски јазик во Австрија 2020

термин: 12.07.-23.07.2020 - 12 дена

10 дена престој во Хотел Холабрун, Австрија, 9 полни пансиони, трокреветни соби.

Настава: 10 пати по 180 мин. или 40 часа по 45 мин. и 5 работилници

Посета и разгледи на градовите: Виена, Холабрун, Салцбург и Грац.

НАПОМЕНА:

За реализација на кампот потребни се најмалку 35 учесници. Право на учество имаат сите ученици на возраст од 12 до 18 години со сите нивоа на познавања на германскиот јазик.

ПРИЈАВУВАЊЕ ОНЛАЈН НАЈДОЦНА до 10.05.2020 год.

4 факти:

Зошто треба да бидете учесници на нашите кампови?

2006

Организација на кампови


Од која година организираме летни јазични кампови по германски јазик?
202122

Камп по ред


Кој камп е овој по ред?
964

учесници


вкупнен број на учесници до 2019 год.
27

посетени градови


број на посета градови во Германија и Австрија

РЕЗУЛТАТИ: Огромен број задоволни учесници и родители!!!

Ве очекуваме и Вас!!!